Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца политичари Срби непожелни во Албанија

Двајца политичари Срби непожелни во Албанија

Боикен Абази од политичкото движење Самоопределување објави на Твитер дека српскиот претседател, Александар Вучиќ и Милорад Додик, член на претседателството на БиХ,  се „непожелни личности“ во Албанија.

Претседателот на Србија, Вучиќ и претседавачот и српски член на Претседателството на БиХ треба да отпатуваат во Тирана на самит од процесот Брдо-Бриони. Абази дури се закани и со демонстрации против Вучиќ и Додик.

„Александар Вучиќ и Милорад Додик се персона нон грата во Албанија. Во Тирана на 8 мај во 18 часот граѓани ќе се соберат за да се спротивстават на нивната супремациска и шовинистичка политика, за да се спротивстават на нивната посета на Албанија на самитот Брдо-Бриони“, напиша Абази на Твитер.

Во Тирана на 8 и 9 мај треба да се одржи седмиот самит на процесот Брдо-Бриони на кој ќе се соберат лидерите од регионот и чиј овогодишен домаќин е албанскиот претседател Иљир Мета, а како почесни гости се најавени претседателот на Полска Анджеј Дуфа и шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.

Првиот сами од овој процес беше одржан во 2013 година во Словенија, земјата која заедно со Хрватска е иницијаторот.

Слично

Поврзани вести