Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца новинари уапсени на грчко-турската граница

Двајца новинари уапсени на грчко-турската граница

Вчера од страна на грчката полиција на грчко-турската граница, биле уапсени двајца германски новинари, додека известувале за движењето на мигранти во регионот, јави новинската агенција ДПА.

Веста ја потврдија и германската амбасада во Атина. Уапсените се 33 годишна жена и 31 годишен маж, за кои се претпоставува дека работеле за телевизијата АРД. Новинарите се приведени бидејќи немале дозвола да престојуваат во добро чуваната погранична област меѓу двете држави. Германското Министерство за надворешни работи информираше дека работи преку конзуларните служби да го расчисти случајот.

Овој настан се случува по една недела откако турската армија зароби двајца грчки војници кои ја преминале границата додека биле на патрола. Војниците се обвинети за шпионажа.

Слично

Поврзани вести