Двајца мажи во Бугарија се заразени со мајмунски сипаници
Мајмунските сипаници се регистрирани и кај источниот сосед. Потврдени се два случаи на мајмунски сипаници во Бугарија.
Пациентите се мажи на возраст од 41 и 44 години. Двајцата се хоспитализирани и се во добра општа состојба. И двете лица пријавиле патување во странство во претходните две недели - во Шпанија и Велика Британија.
Претходно, и во Србија беа откриени мајмунските сипаници. Мајмунската сипаница не се шири лесно меѓу луѓето, соопшти Здравствената агенција на ЕУ кон крајот на мај.
Светската здравствена организација(СЗО) предупреди дека и покрај ниската инфективност, почетокот на летната сезона и големите собири на луѓе за време на празници, забави и фестивали, ширењето може да се зголеми.
Мајмунските сипаници со децении ги мачат луѓето во централна и западна Африка, убивајќи до 10 отсто од луѓето.
Досега нема пријавено смртни случаи во епидемијата надвор од Африка.
