Двајца хрватски претприемачи под санкции поради Русија! СКАНДАЛ околу продажбата на рускиот удел во компанијата
Група за спроведување и следење на спроведувањето на меѓународните рестриктивни мерки при Министерството за надворешни работи на Хрватска забрзано собира докази за прекршување на санкциите во случајот со обидот за продажба и купување на рускиот удел во Фортенова, кој беше наменети за извршување на руската Сбербанк и шеикот Саиф Алкетб, пишува „Курир.рс“.
Според достапните информации, а и според досегашните резултати од истрагата, Хрватска би можела да предложи блокирање на сите сметки и имот на најмалку двајца хрватски државјани - претприемачите Крешимир Филиповиќ и Миодраг Боројевиќ, кои се осомничени дека активно учествувале во оваа приказна, а и двајцата моментално се во Дубаи, пренесува Хина.
Според изворите на хрватските медиуми, има се поцврсти докази дека во овој случај грубо се прекршени санкциите изречени кон Русија, што најверојатно ќе резултира со воведување санкции против сите правни и физички лица кои учествувале во овој нелегален бизнис. Медиумите посочуваат дека е реално да се очекува дека во следните две недели МНР ќе и предложи на Европската комисија овие лица и фирми да бидат ставени на списокот. Европската комисија гласа за тој предлог и потоа се испраќа до сите тела во светот одговорни за спроведување на санкциите.
Кандидат за санкции е и Роман Голцов, член на Управниот одбор на Фортенова. Во оваа незаконска операција се сомничи дека учествувал и тој, како и поранешниот член на Управниот одбор Сергеј Волк кој исто така би можел да заврши на списокот. Медиумите тврдат дека Хрватска со ставање физички и правни лица на списокот ќе им ја покаже на САД и на сите останати својата решителност во почитувањето на санкциите против Русија на најдобар начин.
