Двајца Грци измамиле 360.000 Германци
Во Атина се уапсени двајца Грци, кои се осомничени дека со измама добиле 36,5 милиони евра од 360.000 Германци кои ги убедувале да се претплатат на нивните фиктивни игри на среќа.
Мажи на старост од 36 и 44 години се осомничени дека од јануари 2009 година до ноември 2012 година измамиле 360.000 Германци со кои комуницирале телефонски и ги убедувале да даваат секој месец по 29,90 евра претплата за непостоечка лотарија и томбола.
Според наводите на полицијата, преварантите на илегален начин дошле до податоци на многу играчи на среќа и потоа употребувале „обучен персонал“ кој ги убедувал жртвите дека освоиле пари, автомобили и патувања.
Грчката полиција ја спровела операцијата во соработка со полицијата во Крефелт на запад на Германија.
