Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дваесетина пожари во Тиват, евакуација на туристи

Дваесетина пожари во Тиват, евакуација на туристи

Дваесетина пожари избувнаа во туристичко место Тиват на црногорското крајбрежје каде се ангажирани голем број на противпожарни екипи за справување со огнените стихии, а се спроведува и превентивна евакуација на познатата плажа и туристичкиот комплекс Сини хоризонти, пишува весникот „Блиц“.

Пожарникарите им наредија на туристите итно да ја напуштат плажата поради огнот, кој се повеќе се шири кон туристичкиот комплекс.

Тие од вчера со борат со пожарот, кој изби во борова шума во близина на Сини хоризонти. Ситуацијата таму се менува драматично на секој час. Во гаснењето на пожарите се ангажирани и авиони.

Во главниот град на Црна Гора, Подгорица се активни 20 пожари, но нема закана за жителите и објектите.

Силниот ветер го отежнува гаснењето на пожарите, соопшти црногорската противпожарна служба.  


Слично

Поврзани вести