Дваесетгодишни крадци провалиле во училиште и украле над 60 лаптопи
Откриени се крадците кои од велешкото основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ украле 61 училишен лаптоп.
Полицијата поднесе кривична пријави против двајца осомничени кои се на возраст од 23 до 21 година.
Осомничените, ноќта помеѓу 6 и 7 септември, годинава, со подесен алат ја отвориле влезната врата на училиштето, ги пробиле внатрешните врати од училниците и украле 61 мини лап-топ компјутери.
Предметите ги сокриле во стан во Велес со намера да ги продадат.
Полицијата им ги одзела компјутерите, а ним ќе им се суди за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Слично
