Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дваесетгодишна трудница бремена со близнаци почина во Србија од коронавирусот

Дваесетгодишна трудница бремена со близнаци почина во Србија од коронавирусот

20 годишна жена бремена со близнаци од српскиот град Књажевац почина од коронавирусот. 

Таа околу полноќ почина во Универзитетскиот клинички центар во Ниш од компликации предизвикани со коронавирус, пишуваат српските медиуми. 

Директорот Зоран Перишиќ, изјавил дека ден пред пред да почине,  жената била поврзана со респиратор поради влошената здравствена состојба.

„Пациентката беше примена на 3 октомври со тешка билатерална бронхопневмонија и сатурација 80. Докторски конзилиум беше вклучен во нејзиниот третман од првиот ден. За жал, нејзината состојба се влоши и беше интубирана. почина синоќа во 23 часот. Не беше вакцинирана“, рече Перишиќ.

Србија месецов беше на првото место во Европа, а на четвртото во светот, според бројот на нови случаи на коронавирус на милион жители. 

Слично

Поврзани вести