Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дваесет одсто од БДП во Македонија и припаѓаат на сивата економија

Дваесет одсто од БДП во Македонија и припаѓаат на сивата економија

Тема на денешната конференција во организација на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) беше „Справување со скриената економија:Зајакнување на јавно-приватниот дијалог“.

Сивата економија во Македонија се наоѓа на прифатливо ново. Таа изнесува 20 проценти и најмногу е застапена во рговијата, по која следат индустријата, земјоделството, туризмот и градежништвото.

Според професорот Томе Неновски, во Македонија по растечкото ниво на сивата економија во претходната декада од околу 50 проценти, од средината на минатата деценија се намалува како резултат на повеќе мерки од надлежните институции. Намалувањето на сегашните 20 проценти, смета Неновски, се должи на подобрената деловна клима, првенствено во областа на даночната политика, фискализацијата, гилотињата во администрацијата, брзината на отворање бизнис.

Во изминатите седум-осум години неформалната економија е сведена на прифатливо и надпросечно ниво. Просечното ниво во европските земји се движи од 12 до 15 проценти. Во Косово имаме висока стапка на сива економија, од над до 50 проценти, Грција можеби е со рекорд во европската монетарна унија, а во Бугарија со околу 40 проценти, е исто така некаде во врвот на сивата економија во рамки на ЕУ, наведе Неновски.

Во иднина е потребно подобрување на деловната клима како и  зацврстување на  веќе воспоставениот здрав однос меѓу  јавниот и приватниот сектор, во смисла  приватниот сектор се повеќе да му верува на јавниот сектор, административните бариери да се сведат на  што е можно помало ниво, да се продолжи со кампањата за тоа што значи сивата економија со сите негативни последици.

Проектот за мониторирање на скриената економија во Македонија, ЦИКП го спроведува заедно со Центарот за развој на демократијата од Република Бугарија, со поддршка на EIDHR програмата на Европската комисија.Во рамки на проектот е изработена збирка трудови од најдобри практики за следење на скриената економија.

Слично

Поврзани вести