Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дваесет лири се тргуваат за едно евро

Дваесет лири се тргуваат за едно евро

Во Турција и натаму паѓа вредноста на лирата. Националната валута се намалува без запирање по коментарите на претседателот Реџеп Таип Ердоган. 

Се тргуваат 20 лири за евро. Ова се случува откако претседателот ја удвои својата неортодоксна политика за ниски стапки повикувајќи се на исламската доктрина за лихварство. Валутата падна на дури 17,7540 за долар, што е историски најниско ниво.

Ердоган вчера ја бранеше својата економска политика и ја спореди нестабилноста на валутите со нападите врз економијата на земјата, кои влечат корени од националните протести во 2013 година. Сега Турција се соочува со најтешката валутна криза во последните две децении, при што лирата изгуби 35 отсто од вредноста во последните 30 дена.

Имаше денови кога лирата губеше 6 отсто од својата вредност. 

Сето ова ги поттикна луѓето да пазарат во Турција, но и да купуваат имоти. Иранците, Ирачаните и Русите биле најчести купувачи на имоти во ноември во земјата. 

Слично

Поврзани вести