Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два земјотреси во Грција - се тресеше Алонисос и Скијатос

Два земјотреси во Грција - се тресеше Алонисос и Скијатос

Грција утрово ја стресоа два послаби земјотреси. 

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран североисточно од островот Алонисос. Ова го соопшти Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија на Атина.

Епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина од 10 километри, 47 километри североисточно од островот.

Уште еден слаб земјотрес од три степени  утрово е регистриран во близина на Скијатос.

Епицентарот на овој потрес исто така бил во море на длабочина од 10 километри.

Во последно време зачестија земјотресите во Грција и соседството, но сепак се работи за потреси со послаб интензитет и нема жртви, ниту штети. 


Слично

Поврзани вести