ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ГРЦИЈА: Туристи и мештани бегаат од домовите и рестораните
Во рок од неколку минути два силни земјотреси го погодија островот Кос во Грција.
Туристите и мештаните бегаат во паника од домовите и рестораните.
Во 20.09 часот имало потрес од 4.4 степени, а по 16 минути следел и друг потрес од 4.6 степени.
Првиот потрес бил најблиску до островот, на 20 км и на длабочина од 10 км.
Во петок по потресот во Егејско море повеќе од 500 луѓе беа повредени.
Слично
