Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ, СВЛЕЧИШТА, ПА ЦУНАМИ: Алармантна состојбата на Крит, наредена е евакуација

ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ, СВЛЕЧИШТА, ПА ЦУНАМИ: Алармантна состојбата на Крит, наредена е евакуација

Црквата Свети Никола во градот Ксирокампос на исток од Крит се урна откако грчкиот остров беше погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени, а пријавени се штети и на други згради во таа област. Земјотресот го погоди Крит и другите егејски острови, а жителите на Хераклион излегоа на улиците.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а потоа следел уште еден земјотрес од 4 степени, по што започнале свлечишта.

Пожарникарите се во состојба на готовност, а наредена е евакуација на училиштата, пренесува грчкиот портал Катимарини. Според сведочењето на жителите на Крит објавено на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил силен и траел неколку секунди.

Сеизмологот Герасимос Пападопулос напиша на Фејсбук дека по силниот земјотрес во морето југоисточно од Крит, настанало мало цунами и предупреди никој не се приближува до брегот.

Како што претходно објави Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала бил во морската област, 23 километри југоисточно од Закрос, на длабочина од 8 километри.

Освен на Крит, земјотресот е почувствуван и на Родос и на другите егејски острови, но и на подрачјето на Атика.

Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот бил на 120 километри од Хераклион, на длабочина од 2 километри.


Слично

Поврзани вести