ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Се стресоа грчки острови
Два грчки острови денеска се стресоа.
Ги погодија силни земјотреси.
Земјотрес со јачина од 4,6 степени е регистриран во 16.16 часот во морскиот дел, на 28 километри југоисточно од грчкиот остров Родос, јави дописничката на МИА од Атина.
Еден час подоцна, регистриран е уште еден земјотрес, но во близина на островот Санторини, со јачина од 4,1 степен.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Претходно, земјотрес во регионот имаше во БиХ, а вчера и во Хрватска.
Слаби земјотреси денеска имаше и на територија на Словенија.
Слично
