Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВА ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА: Еден против војната во Украина и оној против НАТО

ДВА ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА: Еден против војната во Украина и оној против НАТО

Во српската престолнина Белград се одржаа два протести поврзани со војната во Украина. 

Полицијата ги раздвои протестите против војната во Украина и оној против НАТО. 

Во центарот на Белград, на Кнез Михајлова, се одржува протест на женската мировна организација со феминистичко-антимилитаристичка ориентација „Жените во црно“ против војната во Украина, а протест одржуваат и припадниците на НКОЈ со анти-НАТО пораки, кои полицијата ги раздвои, јави дописникот на МИА од Белград.

Синоќа во центарот на Белград се одржа протест за „поддршка на рускиот народ“, организиран од десничарски организации, на кој присуствиуаа повеќе илјади граѓани. Причина за протестот според организаторите, беше „огромната медиумска хајка на западните медиуми кои со денови ја напаѓаат Русија и рускиот народ и притисок врз режимот во Србија за да не се воведат санкции кон Русија“.

Слично

Поврзани вести