Два посериозни земјотреси во Грција
Два посилни земјотреси се случија во Средоземното Море, во непосредна близина до Грција.
Првиот земјотрес бил со интензитет 4.1 по Рихтер. Земјотресот е регистриран на длабочина од 12 км. Епицентарот е 48 километри од селото Лардос, островот Родос и 164 километри од турскиот град Мугла.
Вториот земјотрес пак бил посилен - 4,6 по Рихтер. Земјотресот е регистриран на длабочина од 2 км. Епицентарот е 73 километри од селото Платанос и 313 километри од главниот град Атина. Нема информации за жртви и материјална штета во двата земјотреси.
Слично
