Два острови на Онsазис во рацете на Риболовлев
Познатите острови Скорпиос и Спарта се веќе во споственост на рускиот милијардер Дмитириј Риболовлев кој ги купи од внуката на починатиот грчки бродски магнат Аристотел Оназис.
Формално островите ги купи една од компаниите на Риболовлев, која ја води ќерката на бизнисменот, Екатерина. Според информациите островите Риболовлев го чинеле околу 100 милиони долари.
Рускиот милијардер во последно време сака сите инвестиции да ги поврзува со името на својата ќерка, откако во 2008-та година неговата сопруга поднесе барање за развод и оттогаш редовно бара од судот да има дел од новите придобивки на нејзиниот поранешен сопруг.
Остров Скорпиос кој се наоѓа во Јонското Море, а е купен од Аристотел Оназис во 1962-та година за сума од 10 илјади фунти, на него има изградено три резиденции, хеликоптерска писта и пристаниште за јахти.
Слично
