Два нови пожари, Грција повторно во пламен
По минатонеделната трагедија кога гореше околината на Атина и големиот број човечки жртви, исчезнати и материјална штета, Грција сега се соочува со нов проблем.
Вчера се појавија два нови пожари во Закинтос, поточно во местото Каламаки. Според јавувањата на медиумите, на местото се упатени голем број пожарникари и еден хеликоптер.
Ветерот дополнително ја отежнува ситуацијата, а сега за сега нема информација за повредени или настрадани.
Слично
