Два начини за наоѓање работа во САД
Во САД најчесто одат млади луѓе за сезонска работа за која факултет не е потребен.
Продавачи, келнери, бебиситери се професии со кои таму младите се занимаваат.
Најчесто остануваат од 3 месеци до година и за за еден час работа зависно од регионот добиваат од 7 до 13 долари.
Доброто познавање на англискиот јазик овозможува и добра работа.
Два начини да добиете работа е преку виза за работа и престој во САД односно „Work and travel" или зелена карта i "Diversity Immigrant Visa DV", чија лотарија повторно стартува на 1 октомври.
Во САД програмерите земаат 6.000 долари, лекарите 4.000, систем администратор 3.300 долари плата, веб дизајнер 4.000, спасувач 1.800, мијач на садови 1.600 долари, медицинска сестра 2.000, возач на камион 2.700, комерцијалист 2.500, келнер 1.200, чување дете 1.500 долари.
Работодавецот може да инсистира на одредени квалификации и на нострификација на диплома.
Евалуација е потребна за добивање на работа по струка.
