Два клучни фактори ја креваат цената на нафтата во светот
Скокнаа цените на нафтата глобално. Цените на нафтата растат втора седмица по ред.
Тие се движат околу највисокото ниво за повеќе од еден месец, затоа што закрепнувањето на производството по ураганот во Мексиканскиот Залив е побавно од очекуваното, но влијание имаше и вредноста на доларот кој зајакна во однос на другите валути. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 3,3 проценти минатата недела, на 75,34 долари. На американскиот пазар барелот скокна за 3,2 проценти, на 71,87 долари.
Слично
