Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два и пол пати помалку туристи: Македонците лани ја избегнувале Грција

Два и пол пати помалку туристи: Македонците лани ја избегнувале Грција

– Над еден милион туристи од Северна Македонија, во текот на 2018 ја посетиле Грција, со 155 милиони ноќевања, а приходите за јужниот сосед од нашите туристи, минатата година, достигнале до 155 милиони евра, според статистичките податоци во годишниот извештај од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот јануари-декември 2018 година, 1.187.200 Македонци ја посетиле Грција, што е за 24,5 отсто помалку во споредба со 2017.

Доколку се направи споредба од годишните извештаи на Банката на Грција за последните четири години, се забележува тренд на опаѓање на бројот на туристи од земјава. Од 2015 до 2018, за два и пол пати е намален бројот. Пред четири години, Грција ја посетиле над три милиони туристи од Северна Македонија.

Слично

Поврзани вести