Економија, финансии, бизнис

Контакт

Душко Весковски:Нема поскапување на водата во Скопје до 2025

Душко Весковски:Нема поскапување на водата во Скопје до 2025

Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, Душко Вескоски, вели дека до 2025 нема да биде побарано поскапа цена за сметките за водоснабдување кај скопјани, но понатаму таа ќе мора да поскапи поради големата инвестиција која е во тек.

За четири години се планира да започне со работа на пречистителната станица, која ќе чини над 130 милиони евра, инвестиција што сигурно ќе ја зголеми цената на водата. 

Сепак, смета дека Регулаторот треба да го каже последниот збор за одредување на цената на водата.

- Регулаторот заедно со членовите на нашата компанија за период од три години ја одредува цената на водата за пиење и цената на отпадните води - рече Весковски за „Алсат“.


Слично

Поврзани вести