Економија, финансии, бизнис

Контакт

Душко млекарот го чека судење: Не се враќам во оваа Македонија!

Душко млекарот го чека судење: Не се враќам во оваа Македонија!

Фармерот Душко Илиевски, можно е да биде осуден на казна затвор поради наводен напад на службено лице во периодот додека траеше Шарената револуција. Илиевски за Фактор вели дека добил известување од неговиот адвокат дека на 24 овој месец е закажано судење по поднесено обвинение против него за наводно сторено кривично дело „напад врз служебно лице“. Доколку не се појави на закажаното судење на Илиевски ќе му се суди во отсуство и може да добие казна затвор од минимум шест месеци. Илиевски тврди дека се работи за наместено обвинение од актуелната власт и оти тој не направил никакво кривично дело. Инаку Илиевски моментално е во Германија каде што чека политички азил, и вели дека се додека не го добие заилот нема да се врати во Македонија.  

„Јас сум сеуште во Германија и чекам политички азил. Mи се јави мојот адвокат и  ми кажа дека судењето е закажано за на 24 овој месец. Доколку не се појавам на судњето да дадам изказ ќе ме осудат во отсуство и ќе добијам минимум минимум 6 месеци затвор, за Шарената револуција. Јас уште чекам азил. Ако не се појавам на суд ке ме осуди. Ако се појавам да ја признаам вината, тогаш ќе добијам условна казна. Јас не планирам да се вратам во Македонија оти јас се чувствувам загрозен и дека нема да бидат почитувани моите права, јас сум мета на актуелната власт. Инаку ме товарат за напад на службено лице и дека сум фрлал боја врз фасадата на општината во Битола, и тоа е кривична пријава оти фасадата била заштитена. Јас немам никаква вина и јас сум наместен оде МВР. Кој од учесниците во Шарената револуција е осуден ? Не се чуствувам виновен по никоја цена, ниту сум нападнал полицаец, ниту ќе нападнам некогаш, но сум земен на око, и гледаат како само како да ме пикнат во затвор. Инаку во врска со азилот сеуште немам одговор. И судијата можи да го оддложи судењето додека го добијам азилот, зошто да ме судат во отсуство. Јас додека не го добијам азилот не се враќам во Македонија“, вели за Фактор Илиевски.

Адвокатот на Илиевски за судењето во Битола, Олег  Ѓорјгиев, вели дека бидејќи обвинетиот се наоѓа во странство и чека постапка за азил, истиот не го избегнува судењето, туку заради виша сила, односно бидејќи не смее да ја напушти државата од каде што бара азил се додека трае таа постапка, судот не смее да му суди во отсуство.

„Предвидена казна за ова кривично дело е од 6 месеци до 5 години. Бидејќи се работи за обвинтелен предлог, доколку обвинетиот е уредно канет, а не се појави на закажаната главна расправа, судот може да му суди во негово отсуство. Во конкрентиот случај главната расправа е одложена два пати како би се обезбедило присуство на обвинетиот. Бидејќи обвинетиот се наоѓа во странство и чека постапка за азил, истиот не го избегнува судењето , туку заради виша сила, не смеење за напуштање на државата каде што бара азил се додека трае таа постапка, судот не смее да му суди во отсуство. Обвинетиот изрази желба да даде исказ, така да судот не може да пристапи и да му суди во негово отсуство. Во споротивно,  доколку судот му суди во отсуство, а имајќи ја во предвид пречката на обвинетиот да дојде во Р.М, истиот ќе донесе незаконита одлука која ќе биде обжалена Европскиот суд во Стразбург и последиците од таква пресуда ќе ги сноси Р.М. Јас како бранител на обвинеитот не располагам со голем број на докази, првенствено бидејќи обвинетиот не е во можност да биде тука присутен како би ми посочил сведоци, факти и докази со кои би можеле да се браниме пред надлежниот суд“, вели за Фактор адвокатот Ѓорјгиев.

Илиевски односно Душко млекарот на јавноста и е познат по неговите јавни обвинувања кон сегашната политичка гарнитура.Беше еден однајголемите производители на млеко во пелагонискиот регион. Илиевски беше водач на протестите на земјоделците пред млекарата „Свед милк“, поради неисплатените пари. Го предводеше и таканаречениот погребален марш на македонското сточарство кога низ улиците наместо некролози беа залепени фотографии од Никола Груевски. Пред неколку години беше уапсен и обвинет дека одгледува марихуана, заедно со неговиот брат и татко му. По десеттина дена во притвор беа ослободени зашто се докажа дека не се работело за марихуана, туку за див коноп кој сам никнува на битолското поле. Сега се товари за напад на служебени лица цо Скопје и во Битола додека траеше Шарената револуција. Неодамна во интервју за Фактор изјави дека додека бил во Македониај имал големи притисоци од актуелната власт, бил приведуван на полноќ пред очите на семејството, односно дека се чувствува како жртва на актуелната владејачка гарнитура. Токму поради овие причини, Илиевски одлучи да бара политички азил во Германија. 

Т.С


Слично

Поврзани вести