Економија, финансии, бизнис

Контакт

Душко Фармерот обвинет дека тепал полицаец на протестите за оставка на Талески

Душко Фармерот обвинет дека тепал полицаец на протестите за оставка на Талески

Душко Илиевски е обвинет за напад на полицаец за време на протестите  за оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Битолското Основно јавно обвинителство покренало постапка во која го товари фармерот Душко Илиевски за физички напад на полицаец за време на протестите на „Шарената револуција“ пред зградата на Општина Битола, на кои демонстрантите бараа оставка од градоначалникот Владимир Талески.

Обвинението, обвинетиот го примил денеска и в истото се наведува дека на распит Илиевскитреба да се јави на 5 октомври годинава.

Во обвинителниот предлог стои дека фармерот го нападнал полицаецот додека „вршел работи на безбедоста“, удирајќи го со раце и сo нозе по телото и по главата и нанасувајќи му „телесна повреда изразена како нагмечување со површински повреди во пределот на градниот кош, колкот и на бедрото“.

Илиевски пак вели дека не е изненаден и тоа е нов обид на власта да му го уништи живото.. За него ова е уште еден доказ дека полицијата е во служба на партијата на власт и помага во хајката против неистомислениците.

„Оваа пријава е глупост, како може толку да сум го тепал и да сум му нанел такви повреди кога и во кривичната стои дека полицацеот бил во кордон од полицајци. Значи, додека јас сум тепал, неговите колеги спиеле? Не знам како е ова возможно, самите се побиваат уште во кривичната“ – посочува тој.

Слично

Поврзани вести