Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дурмиши: Во владината потрошувачка кошничка семејството ќе биде четиричлено

Дурмиши: Во владината потрошувачка кошничка семејството ќе биде четиричлено

Владината потрошувачка кошничка сеоак ќе биде за четиричлено семејство, а не за трочлено,како што досега се најавуваше. Ова денес го потврди министерот за економија Бесир Дурмиши како одговор на новинарско прашање.

Според Дурмиши, таа ќе биде пореална од онаа синдикалната и ќе биде донесена на првата седница на Економско-социјалниот совет што треба , како што кажа, да се одржи наскоро.

- Затоа правиме нова потрошувачка кошничка, затоа што ќе биде со реални податоци колку му треба за еден месец на едно четиричлено семејство во делот на храната, пијалоците, облеката и така натаму.  Таа што ја објавуваат синдикатите, немаме ништо против, но е несоодветна и нереална, поради тоа што бројките не се точни, рече Дурмиши на днеешната прес-конференција.

Според синдикалната месечна потрошувачка кошничка, на едно семејство му требаат најмалку 64.000 денари за да ги задоволи минималните потреби и ни од далеку тоа не е доволно ако смао два чќлена на семејството работат и добиваат минимална плата.

Слично

Поврзани вести