Дурмиши: Нема потреба од мерки, цените на храната и пијалоците се намалени
Министерот за економија Бесир Дурмиши на денешниот брифинг со новинарите на новинарско прашање рече дека завршила еднонеделната анализа за движењето на цените што беше најавена на почетокот на годината и дека нема да има брзи интервенции со мерки за поевтинување.
Дурмиши рече дека мерки ќе има, но не инстантни, туку ако е потребно во текот на годината. за да се сведе годишната инфлација на 2-3 отсто.
- Резултатите од Заводот за статистика покажаа инфлација на ниво на 2025 од 4,1 отсто, но во делот на продажбата на храна и пијалоцви на големо и мало,што е под надлежност на Министерството за економија, има месечно намалување од 0,4 проценти.
Затоа сега за сега не гледаме причина за преземање на мерки со ограничување на профитни маржи или ограничување на цени.Секојдневно ја следиме ситуацијата, во координација сме со Државниот пазарен инспекторат и, ако има потреба, ние ќе реагираме како што сме реагирале, изјави министерот.
