Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дурмиши ги повика производителите, дистрибутерите и трговците за усно да ги опомени за цените

Дурмиши ги повика производителите, дистрибутерите и трговците за усно да ги опомени за цените

Откако инфлацијата во јули повторно покажа загрижувачки бројки, особено кај храната, министерот за економија Бесар Дурмиши денеска само рече дека ќе ги повика производителите, дистрибутерите и трговците кај него на средба за да ги опомени усно.

Како што информира, ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави, Владата ќе воведе ригорозни мерки. Дурмиши не прецизираше за какви мерки конкретно станува збор.

- Нашето барање е да дејствуваат соодветно, да не ги зголемуваат цените. Ова ќе биде крајна опомена, препорака и предупредување до нив. Во спротивно, ќе преземеме мерки кои ќе бидат ригорозни. Ако се однесуваат како претходните три месеци, ќе не доведат во ситуација да донесеме одлука што ќе биде многу построга. Нормално, ќе им излеземе во пресрет на граѓаните. Со тоа што ги викаме на средба, значи дека се подготвуваме за преземање мерки, истакна министерот, одговори тој на новинарско прашање.

Министерот додаде дека, споредено месец за месец, цените на храната бележат стабилизација.

- Во мај, по завршувањето на мерката, имавме инфлација во делот на храна и пијалаци од 1,1, а во јуни 0,8, сега е 0,3. Значи, цените се стабилизираат. Но, денеска повторно, иако цените се стабилизираат, ќе имам состанок со сите трговци, производители и дистрибутери. Очекувам најголемите дистрибутери и трговци да дојдат, наведе Дурмиши.


Слично

Поврзани вести