Дури и на финансиската елита им е скап Давос, Светскиот економски форум сака да се сели
Најпознатиот собир на светски познати политичари, бизнисмени, банкари, инвеститори и економсити популарен како Светски економски форум сака да се пресели од Давос, местото каде што традиционално се одржаува секоја година, затоа што цените во швајцарскиот град се прескапи дури и за нив.
За шест месеци треба да се оддржи 50-тиот Светски економски форум, но основачот на овој настан, Клаус Шваб, за “Зидоствајвајц”, рече дека размислува за друго место на одржување затоа цените се уште поскапи и тоа е голем финансиски товар.
Менаџерот рече дека сака да го продолжи партнерството со Давос, но тоа значи дека градот мора да обезбеди најмалку 2800 хотелски соби по поволни цени, како и дополнително сместување за соработници. Инаку хоттелските апартмани во Давос чинат неколку илјади евра за вечер.
Шваб вели дека самите гости имаат чувство дека плаќаат неразумни цени и дека зголемувањата им создаваат непријатности.
