Дури и Албанија не надмина по бројот на нови работни места
Во Западен Балкан по создавање на нови работни места пред нашата земја се две држави, Црна Гора и Албанија.
Албанија и Црна Гора покажале најголем раст на бројот на работните места во регионот, од по 3,3 проценти, а по нив следи Македонија со раст од 2,1 проценти.
Ова го покажуваат податоци од Светската банка.
Во извештајот стои дека неформалното вработување, еден од главните предизвици на пазарите на трудот во Западен Балкан и понатаму се зголемува во Албанија и Северна Македонија, но се намалува во Србија. Младите мажи, постарите жени и работниците со помало ниво на образование поверојатно е дека работеле на неформални работни места во 2018 година.
Растот на БДП во регионот се зголеми од 2,5 проценти во 2017 година на 3,9 проценти во 2018 година, се наведува во извештајот „Трендови на пазарот на трудот во Западен Балкан во 2019 година“, промовиран денеска од Светска банка и Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
