Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУРИ ДВА МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Толку бара Германија

ДУРИ ДВА МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Толку бара Германија

Во Германија фали работна сила, односно потребни се два милиони работници, затоа што има толку слободни работни места, пишуваат медиумите од регионот. 

Тамошните работодавци велат дека земјата се соочува со недостиг на работна сила. Празните работни места значат сто милијарди евра во пари. Од 22.000 германски компании, половина бараат работници. Фалат работници во индустријата, здравството, хотелите, рестораните и градежништвото.  Ситуацијата се влоши во времето на пандемијата, а стапката на вработеноста во земјата расте. 58 отсто од индустриските компании имаат потреба од работници и тоа квалификувана работна сила. 

Националната железничка компанија Дојче Бан оваа година планира да вработи 25.000 луѓе. 

Поволно за Балканците ќе биде и тоа што има нов закон за државјанства. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести