Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дури 40 компании од целиот свет сакаат да бараат нафта во Јадранот

Дури 40 компании од целиот свет сакаат да бараат нафта во Јадранот
Речиси 40 компании од целиот свет се пријавија на тендерот на Хрватска на кој се бара фирма што ќе врши истражување и експлоатација на нафта под дното на Јадранското Море. Министерството за економија денес го отвори првото јавно наддавање, а првите договори со компаниите се очекуваат во март следната година. Наддавањето ќе трае повеќе месеци во рамките на кои заинтересираните компании ќе можат да доставуваат понуди. Меѓу фирмите кои покажале интерес се речиси сите светски енергетски гиганти: Ексон, Газпром, Лукоил, Тотал, РВЕ, Едисон, Туркиш петролеум, Хеленик петролеум, ЈП Нипон и други. Министерот за економија Иван Врдољак проценува дека во последната година се создадени услови за Хрватска да стане енергетско средиште на регионот.
Слично

Поврзани вести