Дури 250.000 Срби веруваат дека HAARP ги предизвикал поплавите
Според истражувањата на „Фактор плус“ жителите на Србија сметаат дека реакцијата на државата била на ниво, како и дека помошта од Русија била ефикасна, додека неверојатни 4 одсто од луѓето веруваат дека контроверзниот и никогаш не потврден HAARP е виновен за катастрофата која ја зафати соседна Србија.
Директорот на агенцијата Владимир Пејиќ истакна дека највпечатливиот податок е тој што граѓаните на Србија имаат многу реалистичен поглед на трагедијата која ги зафати.
-Им паѓа во очи податокот дека граѓаните сметаат дека реакцијата на државните органи била на ниво. Граѓаните оценија дека Владата на Србија се покажала како одговорна и била многу ефикасна. Субјективната перцепција на Србите е дека од голема помош им биле Русите и државите од регионот, и покрај тоа што им помогнале и голем број други земји -наведува Пејиќ за весникот Информер.
Тој како круна на истражувањето ја наведе солидарноста која граѓаните ја покажале кон загрозените.
- Дури 84 одсто граѓани покажаа емпатија кон евакуираните. Некои учествуваа во градење на насипите, другите собираа облека, обувки и храна. Тоа е она што е најубаво - истакнува Пејиќ.
Коментирајќи го тоа што еден дел од граѓаните за поплавите го криви HAARP системот, метеорологот Недељко Тодоровиќ вели дека му е драго што за тој одговор не се определиле голем број луѓе.
-Драго ми е што сепак многумина знаат дека „мајка природа“ е виновна за катастрофата која не зафати. А кога станува збор за HAARP, многу и не знаат дека тоа е експеримент кој САД го спроведува на Алјаска. Тој произведува електромагнетно поле, кое ни на кој начин не може да влијае на тоа дали во Србија ќе врне дожд или не - објаснува Тодоровиќ.
