Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дура отвора уште две фабрики во Македонија

Дура отвора уште две фабрики во Македонија

Производителот на авто-делови Дура отвора уште две фабрики во Македонија, објави денеска премиерот Зоран Заев. Странскиот инвеститор на веќе постоечкиот капацитет кој започна со пробно производство во индустриско-развојната зона во Скопје, ќе придодаде уште две фабрики.

- Македонија е 14 земја во која „Дура“ ќе има три фабрики и ќе произведува делови за автомобилските брендови за северноамериканскиот, европскиот и азискиот пазар. Ќе произведува алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила, рече Заев.

Почетокот на производство се планира во првиот квартал од 2021 и ќе отвори 780 работни места.

- Третиот проект е производство на алуминиумски ултра-лесни профили за батериски системи за електрични возила. И овде процесот на работа ќе започне во првото тримесечие на 2021, додаде Заев.

За втората фабрика „Дура“ треба да инвестира 48 милиони евра, додека за втората околу 20 милиони.

Заев додаде дека во неговиот мандат како премиер пуштени се во употреба 13 фабрики како странски инвестиции.

Слично

Поврзани вести