Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дупло се зголемија казните за сообраќај

Дупло се зголемија казните за сообраќај

Новиот закон за безбедност на патиштата предвидува дупло повисоки казни од претходно.

Па така, ако до сега возачот кој не користи сигурносен појас беше казнуван со 20 евра и 10 неативни поени, сега тоа ќе го чини 40 евра и 25 негатни поени. Совозачот пак, кој не носи сигурносен појас место 20 сега ќе заработи казна од 50 евра.

Предвидена е и нова казна од 50 евра за совозачот кој го попречува возачот и му го одзема вниманието и можноста за реагирање и сигурно управување со возилото.

Со новиот закон се зголемија казните и за моторциклистите, кои ако не носат заштитна кацига, наместо досегашните 35 ќе плаќаат 50 евра, а толку ќе платат и совозачите, кои досега плаќаа 20 евра.

Казна во висина од 50 евра е предвидена и за секој велосипедист кој не носи кацига. Навечер и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.

А, пешаците пак кои ќе поминат на црвено светло ќе платат 50 евра, а ако не ја поминат улицата на пешачки премин, ќе платат 30 евра, место досегашните 25.

Слично

Поврзани вести