Дупла празнична дневница за лекарите што ќе вршат трансплантации
Лекарите кои ќе работат на трансплантации и помошниот медицински персонал ќе добијат парична стимулација во висина од две празнични дневници. За лекарите ова изнесува 12.000 денари, а за сестрите и останатиот персонал - 6.000 денари.
Целта е со оваа мерка да се зголеми бројот на пресадувања на бубрези како од жив така и од починат донор, а со тоа да се намали бројот на пациенти кои одат на дијализа, вели министерот за здравство Никола Тодоров.
„Само во текот на оваа година, предвидуваме вкупно 5.149.440 денари за стимулација на тимовите преку Програмата за трансплантација при МЗ (за извршено 10 кадавери и 25 пресадувања на бубрег од жив донор)“, појасни тој.
По пауза од осум години, годинава во Македонија се направени четири трансплантации на бубрег од мртов донор, а до крајот на годинава се очекува да се направат уште десет.
Слично
