Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дупките“ во автопатот Кичево–Охрид ќе однесат дополнителни милиони евра-За грешките на претходната влада, ќе плаќа сегашната

„Дупките“ во автопатот Кичево–Охрид ќе однесат дополнителни милиони евра-За грешките на претходната влада, ќе плаќа сегашната

Плус 120 милиони евра од државната каса ќе однесат проблемите на делницата Кичево – Охрид.

Ова станува јасно од вчерашниот увид во работите на овој автопат каде што министерот Сугарески обвини за лош план и изведба на оваа траса.

Сугарески прстот го впери кај поранешната власт која најголеми проблеми оставила кај земјените траси, односно појава на свлечишта, лизгање на земјиштето, односно поместување на страничните делови на патот и затрупување на делницата .

„Нема решение за проблемот цели 13 месеци, а целата опрема на градежните компании е на терен“. Поради недостатоци во проектот првично проектираната цена на тунелот „Пресека“ наместо 29.828.637 евра сега ќе не чини 88.930.000 евра, а неопходна е и проекцијата на уште еден тунел со должина од 350 метри.

На обвинувањата реагираа од партијата на екс премиерот откаде што посочуваат Сугарески да почне да си ги врши должностите наместо да лиферува лажни бројки.

Тие се оградуваат од тврдењата на министерот и посочуваат дека Сугарески лаже со цел да го девалвира проектот затоа што актуелната влада не била способна да го продолжи, но и да се изберат нови фирми за изведба.

„Сугарески денес си даде автогол. Ако има отстапки од самите проекти, тогаш за тоа единствено Сугарески треба да побара вина во неговата партија чија влада ги изготви тие проекти“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

57 километри изнесува должината на Автопатот Кичево – Охрид а го гради кинеската компанија „Синохидро“.

Слично

Поврзани вести