ДУО КАМЕРА: По што се разликува HTC One M8 Eye?
HTC One (M8) Eye телефонот уште не е официјално најавен но сега доби TENAA сертификат па можеме да видиме што точно ни донесува. Она што може да се види и самиот поглед на фотографијата на уредот е дека има ист дизајн како HTC One M8 телефонот.
Она што може да се види на фотографијата, а потврдено е низ спецификациите, дека има идентични спецификации, како претходниот модел.
Единствената разлика ќе биде камерата, која овој пат ќе биде од 13 мегапиксели на задната камера, а се работи за познатата „дуо камера“.
На предната страна ќе има камера од 5 мегапиксели за селфи. Сето ова ни говори дека додатокот на Eye всушност поради камерата е тука. Во овој момент нема информации кога HTC ќе го објави HTC One M8 Eyе телефонот, но тоа би можело да се случи на претстоечкиот настан кој го организира оваа тајванска компанија.
