Дуња Мијатовиќ во Скопје: Македонските новинари треба сами да си ја извојуваат битката!
Македонските новинари се поделени и не постои солидарност во фелата - ова е клучната забелешка на претставникот на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ, која денеска ја заокружи дводневната посета на Скопје.
Таа вели дека е фрапирана од несолидарноста и поделеноста на новинарите, дури и по прашања кои се во интерес на целата фела. Не мора да се сакате, но за некои работи мора да сте единствени, им порача на македонските новинари.
„Не можам да ги бијам вашите битки. За тоа ќе добиете мија помош и поддршка но нема да учествувам во таа битка. Може приватно да имам сопствено мислење но неможам да учествувам во овие прашања за жал и тоа е мојот мандат, но имам целосно рабирање за ситуацијата и навистина сум свесна за ситуацијата и проблемите“, рече Мијатовиќ.Освен ова, претставничката на ОБСЕ изрази загриженост и за нетранспарентноста во плаќањето владини реклами, како и за високите парични казни за одредени медиуми по тужбени постапки.
„Мора да се смени тоа, за поголема транспаретност, не повеќе туку целосна транспарентност, и тоа е веќе нешто што нанесува штета на медиумското опкружување. Со тој проблем треба да се справиме веднаш и не можеме да чекаме и ќе продолжам да го покренувам ова прашање кај властите, но дали ќе успеам да го променам тоа - не знам“, рече Дуња Мијатовиќ.За време на посетата, Мијатовиќ во Скопје разговараше со премиерот Никола Груевски, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и со новинарските организации и здруженија, а го посетила и новинарот Томислав Кежаровски, кој е во куќен притвор. Македонија на најновиот Индекс за слобода на печат на невладината Репортери без граници доживеа пад за дополнителни седум места и се наоѓа на 123-тото место, на дното во Европа. Целосните согледувања на Репотери без граници за состојбата со медиумските слободи во Македонија, прочитајте ги на следниот линк: Имало и подолу – Македонија на 123-то место по медиумски слободи!
Слично
