Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дуња Мијатовиќ во Скопје ќе ги проверува медиумските слободи

Дуња Мијатовиќ во Скопје ќе ги проверува медиумските слободи
На средби со владини претставници, граѓанското општество и медиумските организации, претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, e во посета на Скопје од денеска до 12. февруари. Целта е да разговара за медиумските слободи во Република Македонија, а за исходот ќе извести на пресконференција закажана за самиот крај на посетата. Средбите на Мијатовиќ сп премиерот Никола Груевски, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и со медиумските организации ќе бидат затворени за јавноста. Според очекувањата, посетата на Мијатовиќ има за цел и да провери како тече спроведувањето на двата нови медиумски закона, кои ги усвои Парламентот. Согласно овие законски решенија, министерот Ивановски неодамна побара од новинарските здруженија да му достават регистер на членови за да ја утврди нивната бројност и да прецизира кои организации ќе добијат право да предлагаат член во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Слободата на изрзаување е клучна забелешка за Македонија и во извештаите на Европската комисија, а Мијатовиќ неколкупати минатата година преку писмо се обраќаше до македонските власти изразувајќи загриженост за апсењето на новинарот Томислав Кежаровски.
Слично

Поврзани вести