Дукат стана единствен сопственик на Љубљанска млекара
Cите акции на малцинските акционери во Љубљанска млекара, се пренесени на најголемиот акционер, хрватската компанија Дукат, со што таа стана стопроцентен сопственик на млекарата.
„ Постапката со која се пренесени акциите на малцинските акционери на главниот акционер спроведена е согласно словенечките закони„ - се наведува во вчерашното соопштение на Дукат објавено на Загрепската берза.
Дукат, кон средината на годината, презеде мнозински пакет акции од 50,3 отсто на Љубљанска млекара, кој беше во сопственост на неколку компании и фондови.
Потоа, Дукат излезе со обрзувачка понуда за откуп на акциите на љубљанската компанија, со што се стекна со уште 46,23 отсто од акциите и во втората половина на мај поседуваше 96,52 отсто од акциите.
Слично
