Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дукат презема 50,4 отсто удел во компанијата Љубљанска млекара

Дукат презема 50,4 отсто удел во компанијата Љубљанска млекара
Најголемиот хрватски производител на млеко и млечни производи Дукат, презема 50,4 отсто удел во компанијата Љубљанска млекара, водечки преработувач на млеко во Словенија, извести Загрепска берза. Сопственикот на Дукат, француската Лакталис, аквизицијата на Љубљанска млекара ја најави во октомври лани, а по одобрението на словенечката Агенција за заштита на пазарната конкуренција. Дукат стекна 50,4 отсто акции на НФД Холдинг, Фактор Банка, Мутул Фунд КД, КД Банка и Саве. Активностите на Љубљанска млекара ги опфаќаат сите категории за производство на млеко, павлака, јогурт, сирење и сладолед во Љубљана, Марибор, Кочевје и Тузла.
Слично

Поврзани вести