Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дуинг Бизнис на Светска банка: Македонија во првите десет реформатори

Дуинг Бизнис на Светска банка: Македонија во првите десет реформатори
Во последниот извештај Дуинг Бизнис на Светска банка, за леснотијата при водење бизнис Македонија е меѓу десетте најдобри реформатори во светот. Ова за вицепремиерот Зоран Ставрески значи дека извештајот е објективен и покажува дека вкупниот амбиент во Република Македонија за бизнис е на високо ниво. Според Светската банка има напредок во шест области споредено со минатата година и е на деветото место на земји го највпечатлив напредок. Станува збор за областите добивање градежни дозволи, регистрирање имот, пристап до кредит, заштита на инвеститори, плаќање даноци и пристап за електрична енергија. Сепак на главната листа земјава е на 25 место од 189 држави. „Македонија и натаму е најдора во регинот на Југоисточна Европа. Со 25-то место на кое е рангирана Македонија од вкупната скала на Дуинг бизнис сме далеку подобри од сите соседни земји. Црна Гора е најблиска на 44-то место, Хрватска и Србија се некаде 80, 90 место“, истакна Ставрески. Тој посочи дека земјава е подобро рангирана од 19 земји членки на ЕУ и додаде дека е во групата пет земји со најмногу спроведени реформи. Најголем напредок е нотиран кај индикаторот пристап до електрична енергија од 33 места. Области во кои има влошувања се индикаторите започнување бизнис, плаќање даноци и услови за прекугранично тргување. Според Ставрески, назадувањето во делот за прекугранично тргување, е ограничен бидејќи оваа позиција е специфична за Македонија и за сите земји што немаат излез на море. „Во овој дел она што се однесува на бирократски процедури, на забрзување на протокот на стоки и патници, презмени се мерки од наша страна и во тој дел реформите се добри“, истакна Ставрески. Во последниот Дуинг Бизнис извештај се анализира периодот од јуни 2012 до јуни 2013 -та.
Слично

Поврзани вести