ДУИНГ БИЗНИС: Македонија има топ закони за почнување бизнис!
Според најновиот извештај на „Дуинг бизнис“ на Светска банка Македонија е највисоко рангирана земја од регионот. Земјата е на 12-то место глобално рангирана од 189 економии во светот.
Банкарите пресметале дека Македонија особено успех покажува во неколку сектори што го олеснуваат водењето бизнис.
Земјата е второ рангирана во областа за започнување бизнис. Тоа според извештајот се должи на поедноставувањето на процедурите преку задолжителна онлајн регистрација. Во категоријата „плаќање даноци“ Македонија е на седмо место. Сепак, прилично низок ранг Македонија покажува во категоријата „издавање градежни дозволи“, каде се наоѓа на 50-то место.
Во извештајот се анализира рамката, која ја налагаат регулативите за бизнисот на малите и средни претпријатија односно условите во кои тие можат да започнат дејност.
Сепак извештајот Дуинг Бизнис не ги мери сите аспекти на деловното опкружување што им се важни на фирмите и на инвеститорите, како што се квалитетот на фискалното управување, другите аспекти на макроекономската стабилност, потоа корупцијата, можноста за учетсво и добивање на јавните тендери и слично!
Слично
