ДУИ за избори на 5 јуни, ДПА уште молчи!
Партијата на Али Ахмети и понатаму останува на ставот избори на 5 јуни да има.
За ДУИ релевантни се два фактори за кредибилни избори, а според портпаролот Османи тоа се ДИК и меѓународната заедница.
Како што пренесе Алсат-М од ДУИ посочуваат дека за нив како партија важни се само овие два фактори.
„Тој што ги спроведува изборите и набљудувачот се важни за нас. . Спроведувач во овој случај е ДИК, балансиран и независен орган додека набљудувач е меѓународната заедница. Додека пак ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на Владата се политички пресметани ставови за партиски интереси. ДУИ ќе донесе одлука во интерес на Албанците и според проценките на овие два фактори“, посочил Бујар Османи.
Засега молк од ДПА
Тачи уште не се изјаснува дали ќе одат на избори и се вадат на координациите со меѓународниот фактор образложувајќи дека од нив зависи последниот збор на ДПА
Од партијата на Тачи немаат дециден став дали ќе учествуваат на предвремените избори или не. Од оваа партија велат дека се во координација со меѓународниот фактор и од нив зависи последниот збор на ДПА. „По одлуката на ДИК проценуваме дека не се исполнети условите за кредибилни избори бидејќи избирачкиот список останува дискутабилен, како и изборните единици во кој нема рамноправност, па Албанците губат 5-6 пратеници“, рекоа од ДУИ неодамна.
Изборите на 5 јуни ќе ги бојкотираат и вонпарламентарните партии на Албанците. И тие стојат на ставот дека не се исполнети сите услови предвидени со Договорот од Пржино.
