Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Време е да се реши спорот за името

ДУИ: Време е да се реши спорот за името
Сега не е време за избори, туку сега е време да се реши спорот за името, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во интервјуто дадено за „Утрински весник“. Според Османи евентуалниот изборен процес ќе изврши дефокусирање од напорите за решавање на името, а сега е вистинскиот момент за тоа и ова треба да биде приоритетно. Тој додава дека другата причина зошто ДУИ се против избори е што не очекуваат промена во изборните резултати и нема потреба да има предвремени избори ниту во 2014 година. „ДУИ нема мнозинство во парламентот за да спречи ваква одлука, но ако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изгласаат предвремени избори, ДУИ нема да ja поддржи“, вели Османи. На прашањето за послчедните патувања на Ахмети и изјавите околу за спорот за името и дали тој како лидер на помалиот коалициски партнер во Владата верува дека може да даде сериозен придонес околу решавањето на спорот, Османи вели дека прашањето на името не е прашање на обична одлука на една влада или на една партија. „Тоа е сложен проблем, кој трае 20 години и прашање кое што бара придонес од сите политички партии, институции, влади и од сите граѓани. Претседателот Ахмети, преку засилените активности, го дава својот дел од придонесот што треба да го даде секоја партија. Тој, всушност, треба да послужи како пример и другите политичари да го дадат својот придонес. Тогаш мозаикот ќе биде комплетен и можеби ќе се најде решение“, вели Османи кој додава дека безбедноста , економска благосостојба, вработувањата, слободата на медиумите – се поврзани и зависат од интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, што пак директно зависи од спорот за името.  
Слично

Поврзани вести