ДУИ уште гради став за одземањето на мандатите на опозициските пратеници
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ги прогласи за неоправдани изостаноците на пратениците од опозицијата, кои повеќе од шест месеци ја бојкотираат работата на законодавниот дом.
Со ова, комисијата на Собранието му предложи одземање на мандатите на сите 31 пратеник од опозицијата кои не се појавуваат на работните места. И додека сите пратеници од владејачкото мнозинство денеска предложија ваков заклучок едногласно, пратениците на ДУИ се уште размислуваат дали својата поддршка за одземање на мандатите ќе ја дадат и на пленарна седница.
„Комисијата само констатира фактичка состојба и не одлучува за одземање на мандатот. Има време до пленарна седница за да изградиме став како ќе гласаме. Дотогаш, ги каниме пратениците од опозицијата да се вратат во Собранието“, вели Артан Груби од ДУИ.
За да помине одлуката за одземање на мандатите на пленарна седница, потребни се најмалку 82 гласа.
Слично
