Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Убиството на матурантот Ангел не е етнички мотивирано

ДУИ: Убиството на матурантот Ангел не е етнички мотивирано
Демократската унија за интеграција (ДУИ) го осуди убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, но апелира случајот да не се става во етнички контекст. „Јавноста е потресена од убиството на еден млад човек, чин кој е за осудување и за жалење од сите нас и затоа на семејството на починатиот му изразуваме длабоко сочувство. Според официјалните податоци, убиството нема етнички и верски мотиви, па оттука тенденциите случајот да се стави во етнички контекст, се неодговорни и за осудување“, соопштија од партијата на Ахмети, осудувајќи ги и инцидентите на протестите што потоа следуваа во Ѓорче Петров. Партијата ги повика граѓаните да ја зачуваат нивната ладнокрвност и воздржаност и заедно со институциите да дадат придонес кон враќање на редот и безбедноста. „Меѓуетничкиот соживот претставува вредност која бара наша грижа и посветеност, при тоа не заборавајќи дека однесувањето на секој поединец може да влијае директно врз овие односи. Затоа, во вакви моменти е потребен придонесот на сите нас за да го сочуваме ова богатство наследено и негувано со години и децении“, стои во соопштението од ДУИ.
Слично

Поврзани вести