Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Театарска претстава е националниот Совет за безбедност

ДУИ: Театарска претстава е националниот Совет за безбедност
Новиот состав на Советот за безбедност е театарска претстава, оценуваат од ДУИ, партијата која иако е дел од владејачкото мнзинство, нема претставник во ова тело. Според партијата на Ахмети, составот на Советот за безбедност на виделина го покажал договорот за поддршка на шефот на државата Ѓорге Иванов од страна на ДПА. „Го потсетуваме г-дин Иванов дека безбедносната ситуација не е театарска претстава или телевизиски шоу за да именува нелегитимни и некомпетентни личности, а ниското удварање на Флора Кадриу во изборната кампања, покажа дека тоа беше за лични цели“, се вели во писмената реакција на ДУИ по денешното конституирање на Советот за безбедност. Од партијата на Ахмети тврдат дека и инцидентот меѓу пратениците на ДПА и ДУИ во Собранието бил испровоциран токму да се направи притисок за ова прашање, а сега очекуваат ДПА да се врати во Парламентот затоа што ја реализирале својата цел да бидат дел од телото. Во новиот состав на Националниот совет за безбедност, формиран од Иванов, по функција членуваат премиерот Никола Груевски, собранискиот спикер Трајко Вељаноски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, министрите за внатрешни и за надворешни работи Гордана Јанкулоска и Никола Попоски. Нови членови се поранешната пратеничка на ДПА Флора Кадриу и претставникот на Нова Демократија Насер Сејдини, а од стариот состав останува и Вели Креци. Единствено нема претставник од ДУИ. Партијата на Ахмети не го признава легитимитетот на Иванов добиен на последните претседателски избори, затоа што истиот бил освоен без гласовите на Албанците. Советот за безбедност на Македонија ги разгледувал и случувањата во Ирак и Сирија
Слично

Поврзани вести