Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ сепак останува во Владата

ДУИ сепак останува во Владата

Откако партијата на Лилјана Поповска на вчерашниот централен одбор донесе одлука за излез од владината коалиција, во медиумите се појавија гласини дека и Демократската унија за интеграција би можела да и го сврти грбот на Владата.

Сепак од ДУИ ги демантираат овие информации за наводно заминување од власта и велат дека ваквиот чекор само би ја влошил уште повеќе, политичката криза во земјава.

Се шпекулира и дека вечерва треба да заседава Централниот одбор на ДУИ, на кој ќе се решава токму за ова прашање.

Сепак портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вели дека сите овие информации не се излезени од ДУИ така што не чувствува потреба да ги демантира, иако како што вели, да има притисоци за тоа да се направи.

Слично

Поврзани вести