ДУИ сепак ќе го добие Министерството за образование?
Демократската унија за интеграција (ДУИ) во следниот владин состав ќе има прв човек во ресорот образование, објави телевизијата Алсат-М.
Според информациите на оваа телевизија, како веќе извесен кандидат на ДУИ за министер за образование се споменува Абдилаќим Адеми, досегашниот министер за животна средина.
Токму Министерството за образование, а не она за труд и социјална политика било позицијата заради која ДУИ прифати да се откаже од ресорот одбрана, каде што на местото на Талат Џафери во иднина ќе седи Емил Димитриев, тврди Алсат-М.
Според овие информации, нов министер за правда ќе биде Аднан Јашари, а Лирим Шабани, ќе биде нов министер за локална самоуправа. Беким Незири, според информациите на Алсат М, ќе биде новиот министер за економија, а за министерското место за екологија најсериозен кандидат е Хазби Лика.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги финализираа преговорите за новиот владин состав, но детално распоредот на ресорите се уште официјално не се објавува.
Горан Мицковски нов министер за странски инвестиции, ќе помогне ли да се привлечат инвеститори?